Полициски службеници при контрола на патничко возило „мерцедес“ на автопатот А-1, на местото „Клучка Прдејци“ пронајдени се три мигранти од Куба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 11:50 часот на автопатот А-1, на место викано „Клучка Прдејци“, во правец Скопје–Гевгелија, од патролен тим од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица со тим од Р.Чешка биле лишени од слобода Р.Љ.(55) и А.Ќ.(46), двајцата од Куманово, бидејќи при контрола на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ., во кое совозач бил А.Ќ., биле пронајдени три лица мигранти од Куба, се вели во соопштението на МВР.

Како што посочуваат од МВР, поради постоење на основи на сомневање за сторено кривично дело по чл.418 од Кривичниот законик, двете лица се приведени во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а лицата мигранти биле спроведени во Транзитниот центар Винојуг-Гевгелија за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.