Мигрант починал во кумановската болница, откако пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот, соопшти денеска СВР Куманово.

Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, соопшти кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.