На  „Охрид вест“ е објавена фотографија од пожарот во селото Велмеј и текст со наслов: „Ова е мометално Велмеј“

Надлежните информираат дека засега нема опасност за околните куќи, но состојбата будно се следи.

И денес авионите го гаснеа пожарот, но не успеаја да го изгаснат. Засега нема опасност пожарот да се прошири кон куќите , но ситуацијата будно се следи. На терен сме постојано и ако треба ќе повикаме и дополнителна помош, вели градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески

Мештаните на с.Велмеј тие се крајно разочарани од дирекцијата за заштита и спасување кои како што велат дозволија ситуацијата да излези од контрола.

„Не ни креваа ни телефон, не камоли да ни помогнат. Како може државата за едни да биде мајка, за други макеа“, велат од МЗ на Велмеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.