Вчера околу 15 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Радовиш кај с. Лакавица, патничко моторно возило „Мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од В.Б. (65) од Украина, со живеалиште во Радовиш, излетало надвор од патот.

Возачот и сопатникот И.Ф. (63) од Русија, со живеалиште во Радовиш биле пренесени во Клиничката болница во Штип каде им била укажана лекарска помош и кај В.Б. констатирани биле телесни повреди, додека кај И.Ф. констатирани биле тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.