Вчера во 18:45 часот било пријавено дека во близина на село Горобинци, во правец од Свети Николе кон Скопје, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.М.(45) од Свети Николе, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничкиот центар во Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.