Утрово во голема акција на полицијата и обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција уапсен е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Се товари за нелегална продажба на државно земјиште.

Полицијата утрово ги привела и Димитар Димовски член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ и Дејан Митревски – Претседател на Општиснкиот комитет во Аеродром.

Апсењето е дел од поголема акција во која се уапсени 10 лица, а по едно се трага.

Меѓу уапсените има нотари, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес. Акцијата се спровела на неколку локации низ Скопје.

„По неколку месечна сеопфатна предистражна постапка, денеска по насоки на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се преземаат дејствија за обезбедување на осомничени лица на повеќе локации во Скопје“, велат од МВР.

Неофицијално уапсени се десетина лица, а по еден се трага. Уапсените во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Повеќе детали од акцијата МВР најавува во текот на денот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.