Маж во безсознание лежел покрај автопатот Скопје – Куманово, па откако го забележале лицето било пренесено на Клиника каде е утврден неговио идентитет.

Вчера во 5.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, под надвозникот „Маџари“, на коловозната лента за излез од Скопје, лежело машко лице во бессознание. Лицето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а по преземени мерки било утврдено дека станува збор за Д.Ј. (64) од Скопје – соопштуваат од МВР.

На местото не биле пронајдени траги од насилство. Се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.