Скопјанец бил уапсен откако пукал во кучиња во парк во Ново Лисиче.

Синоќа во 02:45 часот во Полициска станица Аеродром бил лишен од слобода 69-годишниот И.Д. од Скопје. Постапувајќи по претходна пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека И.Д. во парк на булевар „Видое Смилевски Бато“ пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок – информира МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.