Шеесет и седумгодишно лице од беровското село Смојмирово е пронајдено починато во коритото на Смојмирска Река. Трагичниот настан го потврдија од беровската полиција, а смртта на несреќниот беровчанец била констатирана од екипа на Итната медицинска помош од Берово.

На 10.06.2021 во 08:10 часот во Полициската станица Берово добивме пријава дека во коритото на „Смојмирска река“ во село Смојмирово е пронајден починат В.Г. (67) од село Смојмирово. Смртта без траги на насилство ја констатираше лекар од Итна медицинска помош, инфирмираа од полицијата во Берово.

Додадоа дека по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.