Ноќва околу 04.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Б.Ј. (78) во с.Пчиња, кумановско.

Полициски службеници излегле на местото и Б.Ј. бил пронајден починат.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.