Починато машко лице било пронајдено синоќа во 2 часот во тетовско.

Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски информира дека на паркинг на угостителски објект во тетовско Горно Седларце бил пронајден починат Х.З.(60) од тетовски Пирок.

Х.З. работел како чувар на паркингот, а смртта е контатирана од лекар без траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.