Вчеравечер околу 21.30 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат во тетовско Добарце, патничко возило „опел вектра“,управувано од 44-годишниот Х.Ј. од ова село, удрило во Б.К.(34), В.Л.(35) и Ф.Л.(42), негови соселани.

Во несреќата, В.Л. и Ф.Л. се здобиле со тешки, а Б.К. со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.