Вчера во 14.05 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека Ј.А.(63) од Кочани, при изведување градежни работи на кровот од неговата семејна куќа на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани, паднал и починал.

Лекар од Итна медицинска помош Кочани констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на семејството.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Кочани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.