58-годишна жена од Кавадарци, во нејзиниот двор во Ваташа, е нападната од нејзините соседи по претходна расправија. Од МВР соопштуваат:

„На 03.07.2020 во 20.20 часот во ОВР Кавадарци, Д.С.(58) од Ваташа,Кавадарци пријавила дека истиот ден околу 17.15 часот на ул. “Диме Чекоров“ во Ваташа, Кавадарци во нејзиниот двор од семејна куќа, по претходна расправија била физички нападната со дрвен предмет од нејзините соседи Б.П. и неговата сопруга Б.П. која и упатувала навреди и закани.

Од нападот пријавителката се здобила со повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.