Две лица ноќеска завршиле во полициска станица заради нарушен јавен ред и мир.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информираше дека околу 1 часот и 10 минути, пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово.

Во истиот учествувале 50-годишната Л.Н. од Пробиштип и 45-годишниот тетовец К.С, кои меѓусебно физички се пресметувале. Двајцата приведени се и задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, информира Јосифоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.