Ноќеска, половина час по полноќ, 17-годишно машко лице пријавило дека на улица „29 Ноември“ во Тетово, во таканареченото Ромско маало, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале повеќе лица.

На местото веднаш биле испратени полициски службеници кои презеле соодветни мерки за расчистување на настанот. Во знак на предупредување и за раздвојување на учесниците тие испукале неколку куршуми во воздух. На местото на тепачката лишени од слобода се Р.К.(42) и С.К.(41) од Тетово. Додека, двајца малолетници на возраст од 17 години, исто така, од Тетово, по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница, биле донесени во Полициската станица Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.