Полицијата веќе петти ден трага по 28 годишната Марија Брзакова од Босилово која исчезна на 18.01 2020 во раните утрински часови.

Од маладата Марија нема ниту трага ниту глас, а како што известувааат од „Струмица Денес“ полицијата по Марија трага неуморно со голем број на полициски службеници со користење на службени кучиња трагачи.

Кога излегла од дома била облечена во тренерки во темна боја, не знаеме дали на нозете имала патики или пак влечки. Сите документи и се дома, го оставила и мобилниот телефон. Марија има костенлива долга коса, висока е околу 160 сантиметри, средна градба… Таа е фамилијарна личност, никогаш не би го оставила детето, сите сме вознемирени. Ја замолуваме јавноста, доколку било кој ја забележи, веднаш да не извести или пак да се јави во полиција. Случајот го пријавивме и во полицијата, молиме за помош – рекла мајката.

Граѓаните кои имаат информација поврзана со Брзакова да се јават во полиција или пак на телефонскиот број на семејството 070 447 338.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.