Тетовската полиција со полициски кучиња два часа претресувале домот и помошни простории на M.Л.(35) во Тетово при што пронашле и одзеле марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба, соопшти Полицијата.

Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја. Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.