Вчера во 18:00 часот во СВР Куманово, 47-годишен маж од кумановско пријавил дека истиот ден околу 13:30 часот, неговата 13 годишна ќерка се оддалечила од својот дом со 55-годишниот Ј.Р. од Крива Паланка, информира МВР.

Во 20:00 часот од страна на полициски службеници од ПС-Крива Паланка, Ј.Р. и малолетничката биле пронајдени во Крива Паланка и веднаш биле известени нејзините родители. Ј.Р. бил лишен од слобода и задржан во ПС ОН-Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.