На 24.05.2022 во 18:05 во СВР Штип било пријавено дека на улица „Маршал Тито“, мопед „априлија“ со струмички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Штип, удрил во полициски службеник при вршење службена дејност.

Со тешки телесни повреди се здобил полицискиот службеник, додека со телесни повреди се здобил малолетниот возач на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип.

Увид на местото извршила екипа на СВР Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.