Едно лице е тешко повредено во сообраќајната несреќа што се случила вчера наутро во 09.30 часот на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса.

Во сообраќајната незгода, соопштува МВР, учествувале патничко возило „датсун нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Баница и запрежно возило, управувано од Б.К.(62) од с.Василево.

Во незгодата Б.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.