Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднела кривична пријава против 17-годишен малолетник од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

На 31.07.2019 и 03.09.2019 во светиниколското село Кадрифаково, пријавениот се обидел да изврши обљуба над 13-годишна малолетничка и ја допирал по телото, информираше портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.