78-годишник е тешко повреден по несреќата што се случила вчера во Куманово. Како што соопшти МВР, околу 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „11-ти Ноември“ мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во Џ.Ш.(78) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш. констатирани во Општа болница Куманово. Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.