Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Христијан Тодоровски – Карпош“, општина Бутел, малолетник од Скопје управувајќи мопед „Пијаџо“ со скопски регистарски таблици изгубил контрола над мопедот и паднал.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.