Вчера во 12.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Џепчиште, тетовско.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.