Револвер бил украден од Музеј во Битола, но истиот брзо бил пронајден.

На 12.05.2021 во 12.30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 08.05.2021 во 18.00 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка. По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок – велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.