Во полициската станица Кисела Вода. вчера во 13: 28 часот било пријавено дека настанал пожар во малата спортска сала од основно училиште. Екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција, бидејќи пожарот веќе бил изгаснат.

Според пријавеното, на местото биле затекнти двајца 11- годишни малолетници, кои признале дека се обиделе да запалат два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот. Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.