Двајца малолетници од Скопје ноќеска шетале по улицата „Цветан Димов“ вооружени со ножеви и боксирач.

Час по полноќ во Полициската станица Бит Пазар биле приведени, поради тоа што за време на акциската контрола на улица „Цветан Димов’’ при преглед од полициски службеници на мотоцикл со скопски регистарски ознаки, кај малолетниците се пронајдени марихуана, два ножа и „боксирач“.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.