Малолетници се степале во Куманово, употребувајќи метални и тврди предмети, соопшти денеска полицијата.

-Вчера од 17:30 до 18:30 часот во Полициската станица Куманово на службен разговор биле повикани пет малолетници од Куманово затоа што со група од други малолетници околу 13 часот пред средно училиште во Куманово физички ги нападнале Ф.К.(18) и уште едно лице, двајцата од село Слупчане, липковско, ученици во училиштето, информираше полицијата.

Според пријавеното, при нападот тие употребиле метални и тврди предмети и им нанеле повреди. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.