Од компанијата „Макстил“ го потврдија инцидентот што денеска во раните утрински часови се случил во производниот погон.

Утринава во 6:50 часот во погонот Челичарница на Макстил при редовни производни активности, поради откажување на дел од опремата на една од дигалките, дојдено е до прскање на течен челик надвор од казанот.

При тоа се повредени четворица вработени кои се соодветно медицински згрижени. Тројца се полесно повредени и се пуштени дома, додека четвртиот е задржан на дополнителни испитувања и е под лекарски надзор.

Извршен е увид од страна на службата за безбедност и заштита при работа на Макстил и надлежните државни органи и се работи на утврдување на причините, соопштуваат од „Макстил“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.