Полициски службеници од Единицата за потраги по лица во Хамбург, Германија, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР вчера во Хамбург го уапсиле македонскиот државјанин К.Д., баран со потерници за издржување на вкупна затворска казна од 17 години.

Како што информира МВР, К.Д. е осуден за повеќе кривични дела, меѓу кои разбојништво, поголем број тешки кражби, измами и фалсификување на документи и ќе биде спроведен за издржување на затворската казна.

Од Министерството велат дека оваа акција е резултат на успешната соработка на МВР со германската полиција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.