Бугарската полиција на граничниот премин „Ѓуешево/Деве Баир“ го привела 53-годишниот македонски државјанин Н.Е. врз основа на европска потерница издадена од Суд во Прага.

Како што соопшти софиското Јавно обвинителство, при проверка на документите за лична идентификација, полициските службеници на граничниот премин утврдиле дека прашкиот Суд издал европска потерница за апсење и екстрадиција на Н.Е. под обвинение за „перење пари, фалсификување на официјални документи и тргување со нив“.

Потерницата против Н.Е. е издадена за отслужување на двегодишна казна затвор на која е осуден од страна на чешки Суд.

Бугарското Обвинителство информира дека издало налог за задржување во притвор на Н.Е. се до завршувањето на постапката за негова екстрадиција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.