54-годишниот Македонец, Панче Костов, вчера починал на паркинг на ски-патеката Кулиното, која се наоѓа во близината на Банско и Разлог, пренесува порталот „Струма”.

Медицинска екипа дошла на лице место и само констатирала смрт. Според најблиските, тој во минатото имал срцеви проблеми.

Телото е предадено на обдукција за да биде откриена причината за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.