Македонски државјанин баран со меѓународна потерница издадена од хрватските власти е уапсен на граничниот премин Ќафасан на албанско – македонската граница кај Струга.

Граничната полиција, како резултат на засилените контроли и благодарение на соработката со Интерпол Тирана, идентификува и уапси, со цел екстрадиција, македонски државјанин со висок општествен ризик, баран со меѓународна потерница од хрватските правосудни органи, стои во соопштението од албанската полиција.

Се наведува дека е приведен Тони Јашари (35) од Гостивар кој на 26 август 2015 е осуден на 10 години затвор за кривични дела „структурирана криминална група” и „производство и продажба на наркотици”, но успеал да ја напушти Хрватска во 2018 година.

Јашари е уапсен при контрола на документите за влез на албанска територија.

За понатамошно дејствување надлежен е судот во Подградец, кој ќе ја информира Канцеларијата на Интерпол Тирана со цел негова екстрадиција во Хрватска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.