Околу 621 илјада парчиња оружје поседуваат граѓаните на Македонија, односно 29.79 парчиња по глава од жител. Од нив, само 169.687 се регистрирани, а 451.313 нерегистрирани, покажуваат податоците од истражувањето на организацијата „Small Arms Survey” (SAS).

Со овие бројки нашата држава се наоѓа на осмото место во Европа, а е 13-та во светот по поседување огнено оружје по глава на жител. На прво и второ место во Европа се две земји од нашиот регион Црна Гора и Србија.

Во земјава постои евиденција кој сè поседува легално оружје, но не и информација или некаква проценка за нелегалното оружје, за што останува, само да се шпекулира. Се поставува и прашањето дали максимално се почитуваат Законот за оружје и процедурите и дали секој што бара дозвола е подложен на широки безбедносни проверки, како и дали огнено оружје може да се набави на црниот пазар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.