Ме приведоа затоа што извикував Македонија. Ова е диктатура!, изјави Маја Трпковска, мајка на Пинета Секондо Пино која беше приведена во полициска станица. Заедно со уште две лица таа била приведена, бидејќи, како што велат од МВР, не почитувала полициска наредба и го нарушиле јавниот ред и мир.

Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, објаснуваат од МВР.

По Пино Секондо се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.