Катерина и Ванчо Маноилови имале интензивна телефонска комуникација се до средината на јануари оваа година, кога таа наеднаш прекинува и повеќе со никого не комуницирале преку телефон, дознава Телевизија 24 од извори на истрагата.

Според истите извори, во втората недела од јануари тие пет пати се јавиле и во велешката брза помош. Неколку дена подоцна, нивната телефонска комуникација престанува. Зошто барале брза помош? Дали им е пружена и на што се жалеле? На овие прашања не добивме одговор од брзата помош во Велес, се вели во прилогот на Телевизија 24.

Такви информации можат да се добијат исклучиво по службена должност, само доколку тоа го побараат овластените државни институции“, вели д-р Страхил Тодоров, портпарол на Здравствен дом Велес.

Откако пет дена по наоѓањето на телата министерот за здравство Венко Филипче откри дека кај лешот на жената е најден коронавирус, десетина дена подоцна случај го затвори, бидејќи обдукцијата открила дека мајката и синот починале во март, кога епидемијата во Македонија веќе ја имаше.

Целиот прилогот можете да го погледнете на 24.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.