Осумнаесетгодишното момче Љ.С. од Скопје завчера попладнето било прободено со остар предмет во десната надколеница, по што било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, за ова вчера во полициската станица во Карпош пријавила мајката на момчето Е.С. (39).

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.