За запуштање и малтретирање на дете поднесени се две пријави против двајца родители.

Во привиот случај, станува збор за мајка, која вчера беше приведена во ОВР Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. М.Н.(28) од Дебар, околу 15.30 часот на улицата „Климетица“ во Струга физички го нападнала својот осумгодишен син и го присилувала да питачи. Од полициски службеници и претставници од Центарот за социјални работи малолетникот бил пренесен во Општата болница во Струга каде му била укажана лекарска помош и констатирани телесни повреди, по што бил пренесен и сместен во Јавната установа „Мајчин дом за доенчиња и мали деца“ во Скопје. По целосно документирање на случајот ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

Во вториот случај, надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против А.И.(36) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Пријавениот, во периодот од мај 2021 до сега, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување го запуштил своето дете, како резултат на што детето учествувало во извршување на кривични дела, кои во голем дел биле потикнати од него. Како резултат на ваквата негрижа за детето се документирани 15 кривични дела ,,тешка кражба“ и ,,кражба“ за кои се поднесени две известувања до ОЈО Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.