Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против две лица на возраст од 49 и 45 години за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Гостивар.

На 08.10.2020 година, двајцата браќа, во група заедно со други за сега непознати лица, физички нападнале две лица во Гостивар. Мајката на еден од нападнатите тргнала да ги раздели и во тој момент едниот обвинет ја удрил со тупаница по лицето, а другиот со метални клешти ја удирал по двете раце и по телото. Од ударите, жената се здобила со телесни повреди – нагмечувања, информираа од гостиварското обвинилтелство.

Овој настан според обвинителството предизвикал чувство на страв, загрозување и несигурност и кај повеќе други граѓани кои во тој момент биле присутни на местото.​​

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.