Вчеравечер во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(36) од Скопје и патничко возило „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Грчец, општина Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36), а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.