На крајот на минатата недела, МВР во дневниот билтен информираше дека три автомобили марка „Мерцедес“, „БМВ“ и „порше“ биле украдени од автосалон во Скопје. Возилата биле пронајдени во Гостивар, пренесува порталот Гостиварпресс.
Според првичните сознанија, возилата биле пронајдени на различни локации во Гостивар, а едното од нив, „мерцедесот“, бил паркиран во близина на автобуската станица.
За сега нема информации за сторителите на кражбата. Се очекува МВР да соопшти повеќе информации во врска со случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.