Постапувајќи по пријава, кумановската полиција затекнала група граѓани кои се собрале во објект на месна заедница во кумановска населба и не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија.

Како соопштија од СВР Куманово, инцидентот се случил вчера во попладневните часови во бараката на месната заедница во населбата „Железничка станица“.

На 12.01.2021 година во 18:50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во населбата. Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија. Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ – информираат од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.