Игор Спасов, yбиецот на Мартин Нешкоски, бил фатен од бугарската полиција откако
неговата љубовница со која живеел во населбата Младост во Софија го пријавила за
насилство.
Спасов живеел во станот на жена со која имал интимна врска. Токму таа повикала полиција,
со образложение дека Спасов се заканувал дека ќе ја претепа. При проверка на неговите
документи, полициската патрола открила дека го бара Интерпол.

Тој е приведен вчера попладне и не се спротивставува на апсењето.
Полицијата соопшти дека Спасов живеел во Турција некое време пред да дојде во Бугарија.
Наскоро ќе започне постапка за негова екстрадиција во Македонија.
Ова го пренесе Бугарското национално радио. За време на увидот од бугарската полиција
било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција
пред извесно време, а допрва треба да се испитува како ја поминал турско-бугарската
граница.
Поранешниот припадник на единицата „Тигар“, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин
Нешкоски, кој се бараше со меѓународна потерница, е уапсен вчера во попладневните
часови во населбата Младост во Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.