Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен предлог против 28-годишен жител на Форино, кој се товари дека при вршење семејно насилство сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 28 септември, во селото Добридол, при вршење семејно насилство, обвинетиот тешко телесно ја повредил поранешната вереница. Тој ја пречекал оштетената која се упатила кон својот дом, ја фатил за десната рака и запонал да ја влече за да ја внесе во неговиот автомобил. Жената паднала, по што обвинетиот започнал да ја удира со тупаници по лицето и по телото, нанесувајќи и тешки телесни повреди – нагмечувања, скршеници и потрес на мозок​, се вели во соопштението на ОЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.