Пред полноќ имало пријави за пукотници во скопско Инџиково.

Според првични информации околу 23 часот две непознати лица маскирани со фантомки вооружени со пиштол влегле во ходникот од куќата на 49-годишниот И.А од Инџиково, кој бил во куќата со сопругата и истите ги легнале во ходникот, во другата соба имало роднини.

Вооружените лица им побарале пари, откако И.А им кажал дека нема пари и дека има само возило џип во дворот и дека може да го земат, едно од лицата истрелал од пиштол према И.А и го погодил во пределот на главата, по што заминале во непознат правец. Од страна на доктор од брза помош констатирана е смрт на И.А.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.