Постојат сериозни сомнежи за организирана мрежа за рекет, составена од истражители на АНБ кои биле отстапени на обвинителството, која уценувала познати скопски бизнисмени, пишува „Нетпрес“.

Луѓе од АНБ креирале фиктивни кривични пријави и со истите биле уценувани познати сопственици на компании. Еден од нив настапил со обележани пари, што придонео со приведување на лице кое настапувало пред уценуваните жртви. Истиот е уапсен во ресторан во Карпош со 5 илјади евра поткуп.

Истражителите на обвинителството ја користеле својата позиција и врските со АНБ за да ги уценуваат жртвите.

Како што пишува „Нетпрес“, обвинителската Вилма Рускоска бара запленување на компјутерите на вклучените лица од АНБ, на што Виктор Димовски се спротивставувал.

Се ова покажува дека на повидок е нов скандал во кој се вклучени лица од разузнавањето и власта на СДСМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.