СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лице кое, деновиве преку телефонски јавувања кај граѓани од Охрид, Струга и Кичево, лажно се претставува како полициски службеник.

Осомничениот врши измама за наводно случена сообраќајна незгода во која жртви или тешко повредени, се членови на нивните семејста.

Притоа, предизвикувајќи огромна вознемиреност, бара пари за понатамошна постапка.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на вака добиени телефонски известувања и истите да ги пријават на 192 или лично во најблиската полициска станица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.