Надворешната канцеларија за кривични работи Свети Николе поднесе кривична пријава против А.Љ. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во декември 2018 во Скопје, во просториите на правно лице од Скопје, пријавениот, лажно претставувајќи се како сопственик на правното лице, ги довел во заблуда З.Л., сопственик на правно лице од Свети Николе и неговата сопруга, при што истите склучиле договор за купопродажба на производи во вредност од 365.819 денари.

По ова, до денот на пријавување на настанот, истиот не извршил уплата за подигнатата роба, додека издадените фактури не биле евидентирани во сметководството на правното лице од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.