Тетовската полиција почна истрага со цел да се открие кој стои зад истрелите од огнено оружје при што се оштетени прозорци од објект на теолошко училиште во градот.

Случајот е пријавен утринава, а според пријавителите пукањето и оштетувањето се случило ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Денеска во СВР Тетово пријавено е дека изминатата ноќ (19/20 септември) засега непознат сторител(и) со истрели од огнено оружје оштетил неколку прозорци од објектот на средното теолошко училиште – Медреса Иса Беу лоциран на улица „Пробиштипска“ во Тетово. Оштетени се прозорци на првиот и погорните катови, односно светларници. Увид узвршила екипа на СВР Тетово – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

При увидот биле пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење неколку проектили и чаури.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.